Во Бугарија уапсен малолетник за десетици дојави за бомби во училишта
Во доцните часови вчера, вработените во Управата за сајбер-криминал при бугарската полиција привеле 17-годишен тинејџер од Бургас поради испраќање дојави за бомби до училиштата во Бугарија, објави „24 часа.бг“.
Малолетникот користел анонимна услуга за да испрати десетици закани за бомби преку мејл до училишта низ цела Бугарија на 28 март 2023 година и во деновите по тоа.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, полицијата запленила мобилни телефони и компјутери кои наводно биле користени за испраќање на заканите.
Полициските инспектори сè уште го истражуваат мотивот на осомничениот кому му е одреден притвор во траење од 24 часа.
Бугарските училишта изминатите денови, исто како што беше случај и во Северна Македонија и во други земји од регионот, беа мета на анонимни дојави за поставени бомби.