Во четврток ќе почне реконструкцијата на белградското училиште „Владислав Рибникар“
Реновирањето на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ каде на почетокот на мај се случи масовно убиство, ќе почнат задутре, дознава српска „Нова“.

Според изворите на „Нова.рс“, целосно ќе се реновира внатрешноста на училиштето.
Работата за реновирање на ОУ „Владислав Рибникар“ ја доби компанијата „Јадран“, во постапка со преговарање што ја објави српското Министерство за јавни инвестиции.
Поминаа два месеци откако седмоодделенецот К.К. од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград влезе со пиштол во училиштето, каде уби осум ученици и еден член на обезбедувањето. Тој рани уште шест ученици и една професорка, а една ученичка подоцна им подлегна на повредите.
Реконструкцијата на училиштето беше барање на родителите од училиштето, а градскиот управител на 23 мај изјави дека е издадено одобрение за реновирање на тоа училиште.






