Во делови на Германија железничкиот сообраќај е во прекин поради поплавите

Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин поради поплавите што ја погодија Германија, соопшти компанијата Дојче бан.

Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите несуштински патувања.

Во југозападниот округ Шварцвалд-Баар активни се неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку лица се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри.

Во околината на Штутгарт, во окрузите Ремс-Мур и Лудвигсбург, поради поплави затворени се градинките и училиштата.

Пожарникар загина во ноќта меѓу саботата и неделата за време на спасувачка операција поради поплавите во градот Фафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија, кога се превртел чамецот во кој се наоѓал со тројца колеги

Back to top button
Close