Во Драчево регистрирани 218 прекршоци во сообраќајот

На територија на Драчево во текот на вчерашниот ден изречени се 218 санкции за прекршоци во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека против 36 возачи се изречени санкции за возење без возачка дозвола, против 27 за возење технички и нерегистрирани возила и 14 санкции се за неносење заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека ќе продолжат со сообраќајните контроли со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close