Во Египет ослободени 30 политички активисти

Tарик ел Авди, член на одборот на египетскиот претседател за помилување синоќа изјави дека од затвор се ослободени 30 политички активисти.

Но, тој не го соопшти идентитетот на активистите, само наведе дека тие се ослободени од истражен притвор.

Од 2013 година, Владата на претседателот Абдел-Фатах ел-Сиси приведе илјадници дисиденти и владини критичари.

Во 2019 година, „Хјуман рајтс воч“ процени дека во Египет има околу 60.000 политички затвореници, а голем број од нив се во затвор без судење.

Back to top button
Close