Во експлозиите во близина на гробот на иранскиот генерал Сулејмани загинаа 103 лица

Бројот на жртвите во двете експлозии што се случија денеска во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани достигна 103, јавија светските агенции. Терористичките напади се случија на денот кога се одбележуваат четири години од ликвидирањето на генералот, кој беше задолжен за сите ирански воени операции на Блискиот Исток.

Сулејмани убиен во напад на американско беспилотно летало на аеродромот во Багдад.

Претходно, Бабак Ектапараст, официјален претставник на иранските спасувачки служби во провинцијата Керман, извести дека експлозиите се должат на терористички напади и во нив загинале 73 лица, а 170 се повредени.

Експлозиите се случија во близина на џамијата Сахеб ал Заман во јужниот ирански град Керман, каде што се наоѓа гробот на Сулејмани. Двете експлозии се случија на неколку минути една од друга. Претставник на властите на градот Керман соопшти дека се работи за терористички чин.

Back to top button
Close