Во Германија почна судењето на четворица членови на Хамас

Во Германија денеска почна судски процес против четворица наводни припадници на Хамас, осомничени за организирање на магацини со оружје ширум Европа.

Тие се обвинети дека наоѓале и користеле стари магацини за оружје, а изградиле и нови во Бугарија и во Данска, што подоцна би можел Хамас да ги користи за складирање на оружје и муниција за напади врз израелски и еврејски цели во Европа.

Оружјето, наводно, било преместувано низ Европа како подготовка за нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, тврдат обвинителите.

Хамас планирал и напад врз Амбасадата на Израел во Берлин, врз областа околу аеродромот Темпелхоф и врз американската воздухопловна база Рамштајн.

Четворицата обвинети беа уапсени во декември 2023 година. Сите четворица имаа важни позиции во Хамас

Back to top button
Close