Во Гевгелија се одржа поетско музичка вечер „За тебе љубов моја“
Во Гевгелија синоќа по 21 пат се одржа поетско музичката вечер „За тебе љубов моја“ во чест на жената и љубовта во организација на професорите по македонски јазик и литература Даниела Џишева и Тони Аврамов.
Како што информираат од Општина Гевгелија, на настанот учествувале од професори, до доктори, правници, етнокореолози, психолози и архитекти, кои но сите вљубеници во уметноста, долгогодишни и нови учесници, им понудиле незаборавна и топла вечер на верната публика со убав збор и музика.
Поезија рецитирале Даниела Џишева, Катица Џишева Дупарова, Катерина Ичева, Петар Јанчев, Марија Џиџева, Бојан Aлексов, Светлана Стојковиќ, Каме Ќаев, Мери Олумчева, Јордан Aндов, Силвестер Проле, Љупка Урумова Проле, Бисерка Макревска, Тони Аврамов, Розита Андонова, Ламбрина Лазаревска и Александра Ќаева. Во музичкиот дел, учествувале Јована Дупарова, Александар Стојанов, Ангелина Несторова, Ангела Зафирова, Ања Поп Костова, Слободанка Арнаудова, Стојанчо Картелов и Цветанка Атанасова.
-Годинава, „За тебе љубов моја“ доби нова димензија со учеството на Јордан Андов од Велес, лице со аутизам. Својот талент за рецитирање го претстави пред публиката со „Умилкување“ од Петре М. Андреевски, за што доби долготраен аплауз. Имено, во 2018 година, Јордан, како учесник од ДСУ за рехабилитација и образование „Свети Наум Охридски“-Скопје, го освои првото место на Рецитаторскиот натпревар за средно образование, организиран од Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Македонија, стои во пренесената изјава од манифестацијата.
Во соработка со ОО Црвен крст-Гевгелија беше организирана и хуманитарна акција за собирање финансиски средства кои ќе бидат донирани на семејството од Гевгелија, чија куќа беше опожарена .