Во гевгелиско зголемен бројот на апликантите за зелена нафта

 Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија, повеќе земјоделци, во однос на претходната година, аплицирале за користење на владината мерка за поевтино гориво за механизацијата.

До истекот на последниот рок, од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за проектот „зелена нафта“ аплицирале вкупно 1.968 земјоделски производители, потврдија денеска од подрачната единица во Гевгелија.

– Оваа година значително е поголем бројот на заинтересираните земјоделци од трите општини на југоистокот од земјата за користење на субвенционирана нафта за извршување на земјоделските работи. Лани субвенцијата ја користеле 1.866, а годинава тој број е зголемен за уште 102 земјоделски производители кои од државата ќе добијат за 30 отсто поевтина нафта, велат од подрачната единица на МЗШВ во Гевгелија.

Аплицирањето за користење субвенционирана нафта се одвиваше електронски, а помал дел земјоделци кои не можеле самостојно да го сторат тоа, аплицирале со стручна помош на вработените од подрачната единица во Гевгелија.

Back to top button
Close