Во Хрватска маж со калашников уби едно лице, рани неколку лица и запали три објекти

Едно лице загина, а неколку се повредени во престрелката што се случила вечерва нешто по 20 часот во Сисак, Хрватска, а потрагата по сторителот е во тек, потврди полицијата.

Во тек е и гаснењето на пожарот на три објекти поврзани со тој настан, односно кои ги подметнал напаѓачот.

Однесените во болница имаат прострелни рани во главата, стомакот, рацете и нозете. Итната помош потврдила дека едно лице починало. Меѓу осумте превезени во болница нема деца.

Жителите на Сисак се загрижени, велат дека се плашат бидејќи напаѓачот е во бегство.

„Ова е страшно, блокот е под опсада, не знаеме што се случува. Низ градот има многу полиција“, велат мештаните за „24сата“.

Медиумите јавуваат, повикувајќи се на сведоци, дека маж пукал од „калашников“.

Back to top button
Close