Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби
Вулканската планина Левотоби, лоцирана во индонезиската провинција Источно Мали Сунди денеска еруптираше и исфрли пепел во висина до 3.500 метри, соопшти Агенцијата за вулканологија и ублажување од геолошки катастрофи.
Поради густите сиво-црни облаци од пепел на авионите им е забрането да летаат под 5.000 метри во близина на вулканот.
Во исто време е издадено и безбедносно предупредување до локалното население и туристите. Забранети се сите активности во радиус од шест километри од кратерот.
Планината Левотоби е висока 1.584 метри и е еден од 127 активни вулкани во Индонезија, земја која се наоѓа во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, каде вулканската активност е честа појава