Во Истанбул по 6,5 часа завршија преговорите меѓу делегациите на Русија и САД

Во Истанбул по 6,5 часа завршија преговорите меѓу руската и американската делегација за прашања поврзани со работата на амбасадите.

Разговорите одржани во американскиот конзулат завршија без изјави за новинарите.

Турскиот „Хуриет“ пренесува дека руската делегација пристигнала во конзулатот околу 9 часот и 20 минути, а преговорите се однесуваат на активностите на амбасадите во рамките на нормализацијата на односите меѓу двете земји.

Руската делегација ја сочинуваа претставници на Министерството за надворешни работи.

Back to top button
Close