Во изборната трка за 36 гувернери во САД актуелните главно ги задржаа функциите

Покрај конгресните, вчера во САД се одржаа и избори за гувернери во 36 американски држави, а ситуацијата во голема мера е непроменета од претходните избори.

Иако трката за гувернер привлекува помалку внимание отколку за Конгресот, од друга страна, изборот на гувернер е важен поради прашањата за правата на абортус, правата на трансродовите лица, поседувањето и носењето оружје, но и идните избори, пренесоа британските медиуми.

 

Некои од најпознатите имиња меѓу гувернерите ги задржаа своите претходни функции.

Демократката Кејти Хукл во Њујорк го обезбеди местото тесно победувајќи ја долгогодишната републиканска предизвикувачка Лија Зелдина, конгресменка од Лонг Ајленд.

Републиканецот Грег Абот од Тексас беше убедлив противкандидатот Бет О’Рурк, освојувајќи го својот трет последователен мандат. Абот, зад кого стои поранешниот претседател Доналд Трамп, за време на вториот мандат ја поддржуваше конзервативна политика, па се спротивстави на вакцините против Ковид-19 и задолжителното носење маски.

Тој го потпиша најрестриктивниот закон за забрана на абортусот во САД и со автобуси испраќаше мигранти во државите што ги конторлираат демократите.

Републиканецот Рон ДеСантис е повтопрно, по вторпат, избран за гувернер на Флорида, победувајќи го демократот Чарлс Криста, што во САД се смета за увертира за кандидатурата на ДеСантис за претседател на САД во 2024 година.

Мериленд го доби првиот црн гувернер, откако демократот Вес Мур ја победи републиканката Дена Кокс, во држава каде што демократите ги победија републиканците со 2:1.

Претседавачката со Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси е реизбрана во Калифорнија за Долниот дом на Конгресот.

 

 

 

 

Back to top button
Close