Во Колумбија уапсен поранешниот наркобос Ледер
Поранешниот наркобос и еден од основачите на картелот Меделин, Карлос Ледер синоќа е уапсен по неговото пристигнување во Колумбија по 38 години.
Ледер во 1988 година во САД е осуден на доживотен затвор плус 135 години, откако судот на Флорида го прогласи за виновен за трговија со кокаин.
Неговата казна подоцна беше намалена за 55 години откако Ледер се согласи да сведочи против поранешниот панамски диктатор Мануел Нориега, кој беше ослободен во 2020 година поради здравствени проблеми.
– Нашите информациски системи идентификуваа дека Ледер, кој пристигна во земјата од Франкфурт, има активен налог за апсење, објавија колумбиските миграциски власти на Икс, додавајќи дека поранешниот наркобос е предаден на полицијата.