Во Косово уапсена руска новинарка под сомнение за шпионажа

Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља соопшти дека безбедносните органи на северот на земјата ја уапсиле Русинката Дарија Асламова .

Во објава на неговата Фејсбук страница, Свечља вели дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маската на новинарството“.

„Учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, напиша Свечља.

Свечља, исто така, додава дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и е забранет влез во многу земји.

„Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со случувањата на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганди на кои Србија веќе се приклучи и кои имаат за цел да ја дестабилизираат нашата земја“ напиша меѓу другото Свечља.

 

 

 

Back to top button
Close