Во Летонија урнат споменик од советската ера (ВИДЕО)

Летонија, како и нејзините балтички соседи Литванија и Естонија, е дел од Европската унија и НАТО и силно ја изрази својата поддршка за Украина по руската инвазија на таа земја.

Властите во Латвија денеска урнаа споменик од советската ера во Рига, во согласност со законот донесен по руската инвазија на Украина и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава.

Споменикот висок 79 метри, поставен помеѓу 1979 и 1985 година во знак на сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на градежна механизација.

Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да го одбележат Денот на победата во 1945 година.

Сепак, повеќето Летонци го доживуваат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.

Речиси сите споменици и спомен-плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта, беа отстранети во 1991 година, а споменикот во Рига беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Латвија и Руската Федерација.

Back to top button
Close