Во Мароко запленети тон и пол кокаин

Полицијата во Мароко запленила речиси 1,5 тони кокаин, кој бил пронајден во кутии со банани во транспортен контејнер на брод кој патувал од Јужна Америка за Турција.

Запленувањето е извршено во пристаништето Тангер во северниот дел на Мароко.

Акцијата е спроведена во координација со шпанските безбедносни служби, соопшти мароканската полиција, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Мароканските власти се сомневаат дека кокаинот бил шверцуван како дел од меѓународна операција за шверц на дрога.

Заплената дојде само еден ден откако беа запленети речиси 363 килограми кокаин во камион кој се обиде да влезе во Мароко од Мавританија.

Оваа северноафриканска земја се смета за клучна рута за шверц на дрога од Јужна Америка до Европа.

Back to top button
Close