Во Мексико продолжува војната меѓу картелите: убиени 16 луѓе, уапсени 11

Во пукање меѓу две конфликтни криминални групи во мексиканската држава Гереро вчера загинаа 16 луѓе, соопштија властите.

Вчера наутро околу 5 часот, завојуваните картели се судрија во рурална, планинска област на државата, која во последните години стана бојно поле.

Во нападот загинале и двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Ранетите се во стабилна состојба по укажаната помош, јавува Ројтерс.

На нападот одговори и блиската база на Националната гарда, а тројца воени офицери беа ранети, соопшти Министерството. За 14 загинати лица се претпоставува дека се членови на криминални групи, а 11 лица се уапсени.

Back to top button
Close