Војна хунта во Нигер им нареди на вооружените сили да бидат во состојба на највисока готовност
Воената хунта што ја презеде власта по пучот во Нигер им нареди на вооружените сили да бидат во состојба на највисока готовност, повикувајќи се на зголемената закана од напад, се вели во интерен документ издаден од началникот на одбраната.
Во документот, кој денеска беше објавен на Интернет, се наведува дека наредбата за максимална подготвеност ќе им овозможи на силите соодветно да реагираат во случај на било каков напад и „да избегнат изненадување“.
„Се повеќе се чувствуваат заканите со агресија на националната територија“, се наведува во соопштението