Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казастан загинаа 38 лица


Казахстанските власти соопштија дека 38 лица загинале откако денеска се урна авион на Азербејџан ерлајнс во близина на градот Актау во Казахстан.

Заменик-премиерот на Казахстан Канат Бозумбаев го откри бројот на загинати за време на состанокот со азербејџански официјални лица.

Авионот се урнал на пат од главниот град на Азербејџан, Баку, кон градот Грозни во Русија.

Како што соопшти Азербејџан ерлајнс, 37 патници биле државјани на Азербејџан.

Според соопштението, имало и 16 државјани на Русија, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан.

Back to top button
Close