Во Нови Сад родителите ги поддржуваат наставниците кои штрајкуваат

Родителите на ученици во новосадските основни и средни училишта од утрово се собираат пред училиштата и им даваат поддршка на наставниците кои решија да штрајкуваат и со тоа да ги поддржат своите ученици и нивните барања, јави Бета.

На родителите им се придружија универзитетските професори од мрежата „Слободен универзитет“, како и претставници на Студентите во блокади.

Пред училишта низ Нови Сад се истакнати транспаренти меѓу кои – „Моето дете не е државна сопственост“, „Не се плашиме, се солидаризираме“, „Нашите деца утре се студенти“.

Владимир Бугарски, родител на двајца ученици во тоа училиште и професор на Универзитетот во Нови Сад, вели дека родителите се организирале и дошле во училиштето да ги поддржат барањата на учениците и наставниците во прекинот на работата.

„Моите ќерки едвај чекаат да се вратат на училиште и да се видат со своите другарки, но мислам дека денес не е време тие да се вратат на училиште. Денеска е време да ги поддржиме наставниците во нивната борба за достоинство и за сè што сакаат. Ќе има време децата да се вратат среќни од распустот“, рече Бугарски во изјава за Бета.

Родителите и наставниците пред основното училиште „Прва војводинска бригада“ пеат: „Никогаш не плаши се, некој е со тебе…“

Родителите влегле во канцеларијата на директорот на ОУ „Тоза Марковиќ“ бидејќи тој и покрај нивните повици не сакал да излезе надвор да разговара со нив.

„Луѓето излегоа надвор и вам ви е во ред да седите овде. Само си врзан за столот, нели? Слушнавме како не нарече. Дали мислиш дека таков речник е соодветен за директор? Мојата ќерка ќе мора да оди во Германија поради таквите луѓе“, велат родители.

Директорот на училиштето повикал полиција, јави Бета.

Back to top button
Close