Во подрум најдени тела на три бебиња, мајката осомничена за убиство и инцест, и дедото е уапсен

Полицијата пронашла тела на три новороденчиња во подрум на семејна куќа во селото Черники, Полска.

Државниот обвинител во саботата потврди дека е уапсена жена (20) која е осомничена за убиство, но и за инцест.

Германските медиуми јавуваат дека истрагата се води и против нејзиниот татко (54).

 

Во петокот вечерта, полицијата пронашла мртво новороденче во село југозападно од Гдањск. По дополнителен претрес на куќата, полициските службеници пронашле уште едно тело на бебе во поодмината фаза на распаѓање.

Полицијата на крајот го пронашла и третото мртво бебе, по што проговорил државниот обвинител.

Заднината на злосторството се уште е нејасна.

Back to top button
Close