Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал и Тибет 682 мртви, речиси 3.000 луѓе се водат како исчезнати

Вкупниот број на жртви во Непал и Тибет се искачи на 675, а речиси 3.000 се водат како исчезнати, според податоците од непалските власти. Кинеските власти, од своја страна, соопштија за уште седум смртни случаи со што вкупниот број се искачи на 682.
Според извештаите, досега во Непал се спасени повеќе од 3.700 луѓе. Според Советот за туризам на Непал, спасувачките екипи евакуирале повеќе од 240 странски туристи од подрачјето на катастрофата, додека 320 се водат како исчезнати.
Непал и Тибет на 26 август беа зафатени со катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето.






