Во руски воздушен напад убиен еден цивил во Днепропетровската област
Во руски воздушен напад во украинската Днепропетровска област ноќеска загина едно лице, соопшти регионалната управа.
Претседателот на Обласниот совет, Микола Лукашук, информираше на Телеграм дека нападот со наведувана бомба го погодил населеното место во општината Межива во Синелниковскиот реон, при што загинал еден маж.
Нападот продолжил и врз соседниот Никопољски реон, каде што биле употребени дронови, артилерија и ракетни системи „Град“. Според Лукашук, во градот Никопол се оштетени електрични водови и приватни домови.