Во СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената

Русија стави вето на нацрт-резолуцијата предложена од САД  и Јапонија за да не се поставува оружје за масовно уништување во вселената.

Документот го поддржаа 13 земји, а Кина се воздржа од гласање.

Блокирањето на резолуцијата се случи затоа што Советот за безбедност на ОН во документот не го вклучи амандманот на Москва и Пекинг, со кој се бара трајно спречување на распоредување на какво било оружје во вселената.

Back to top button
Close