Во Шпанија 50 жени биле избодени со игли во ноќни клубови

Полицијата во Шпанија истражува околу 50 пријавени случаи на жени кои биле прободени со медицински игли додека биле во ноќни клубови или на забави, тренд што претходно е регистриран во други европски држави.

Досега не се потврдени случаи на сексуален напад или грабеж поврзани со мистериозните прободувања.

Полицијата соопшти дека открила докази за дрога кај една жртва, 13-годишно девојче во градот Хихон, кое имала екстази во нејзиното тело. Локалните медиуми објавија дека девојчето брзо било пренесено во болница од нејзините родители, кои биле во близина кога почувствувала „убод со нешто остро“.

Полицијата соопшти дека околу половина од неодамна пријавените напади со игли се случиле во североисточната шпанска провинција Каталонија. Серија убоди со игла е регистрирана во Франција, Велика Британија, Белгија и Холандија.

Back to top button
Close