Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил со телото на мртвата снаа
Спасена е жена која три дена била заглавена во автомобил со мртвото тело на својата снаа откако ги погодила поплавата во Шпанија, соопшти спасувачката служба.
Автомобилот бил лоциран во југоисточната провинција Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.
По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба.