Во Скопје уапсени повеќе лица акцијата е во тек. Спасовски потврди дека апсат група за криминал со културно наследство

Во полициска акција што се одвива на подрачјето на Скопје изутринава уапсени се десетина лица. Полициските специјалци вршат претреси на неколку локации со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.

Од МВР за МИА потврдуваат дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целата акција најавуваат подоцна во текот на денот.

Во полициска акција што се одвива на подрачјето на Скопје изутринава уапсени се десетина лица. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ рече дека полициските специјалци вршат претреси на неколку локации и дека станува збор за културно наследство.

-Акциите на полицијата се насочени кон криминалните структури. Одделот за сериозен и организиран криминал заедно со Агенцијата за национална безбедност превземаат активности. Акцијата е во тек, станува збор за културно наследство. Детелите ќе ги споделиме во текот на денот- вели Спасовски.

 

Back to top button
Close