Во Скопје вечерва ќе се одржи 24. издание на Виенски бал

Во Скопје во хотелот „Александар Палас“ вечерва  традиционално, по 24-ти пат, ќе се одржи Виенскиот Бал под покровителство на амбасадата на Република Австрија во земјава, Градот Виена, Министерството за култура, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.

Како што соопштија организаторите, гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

И годинава, Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија, со што донацијата ќе оди за Кочани, наведуваа организаторите.

Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат оркестарот „Јохан Штраус“ што ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска, првенците на Балетот од Националната опера и балет, танчери на Танцовиот клуб Прима данца, Свингерси бенд, Калиопи…

Оваа година на балот ќе има и гости идни студенти како би ја доближиле културата,традицијата на двете земји и до младите. На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – смокинг, темно одело или униформа, додаваат оттаму.

Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста.

Back to top button
Close