Во сообраќајна несреќа загина 23-годишник од Кичево, повредени седум лица

 

Дваесет и тригодишно момче од Кичево почина, а седуммина се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево.

– На 09.08.2024 година во 23:12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген шаран“ и „Опел“.

Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „аудит-то“ Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а две лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

Back to top button
Close