Во свлечишта и поплави во Иран досега загинаа 53 лица

Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите низ Иран се искачи на најмалку 53 жртви.

Државните медиуми јавија дека повеќе од 30 луѓе загинале во две села северно од Техеран откако монсунските дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во областа.

Речиси 20 луѓе загинаа во осум други провинции.

Обилните дождови погодија две третини од земјата.

Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, а се трага по уште најмалку 16 лица.

Во спасувачките напори се вклучи и армијата, а во тек е трансфер на илјадници луѓе од погодените оддалечени области на побезбедни локации.

Овонеделното невреме однесе најмногу животи во споредба со дождовите и поплавите во Иран во последните 10 години.

Во поплавата во 2019 година во градот Шираз во југозападниот дел од земјата загинаа најмалку 21 лице, а две години претходно во северозападниот дел на Иран, 48 лица ги загубија животите во невреме.

Back to top button
Close