Во Вашингтон преговори помеѓу Израел и Либан

Стејт департментот соопшти дека во Вашингтон денеска ќе се одржат преговори помеѓу Израел и Либан. На состанокот ќе присуствуваат амбасадорите на Израел и на Либан во САД, Јехиел Лајтер и Нада Хамадех Моавад и американскиот државен секретар Марко Рубио.
Преговорите, што ќе почнат во 11 часот по локално време (17 часот по средноевропско време), ќе се одржат зад затворени врати.
Првпат по повеќе децении претставници на Либан и на Израел, кои немаат дипломатски односи, ќе имаат директни разговори.
Претходно, членот на политичкиот совет на Хезболах, Вафик Сафа изјави дека милитантната група нема да почитува никаков договор што би произлегол од преговорите помеѓу Либан и Израел под покровителство на САД.
Според него, Хезболах „воопшто не е заинтересирана за исходот од преговорите помеѓу Либан и израелскиот непријател“ и дека „она што е договорено нема да ги обврзе“.
Војната на Израел со Хезболах трае од почетокот на март, кога милитантната група лансира ракети врз Израел, како поддршка на Иран. Во војната загинаа речиси 2.100 луѓе, меѓу кои повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал






