ВИДЕО: Во Велес попладнево краткотраен силен дожд со град и грмотевици

– Велес и околината попладнево го зафати силен дожд проследен со град во облик на лешник и со силни грмотевици, а велешките улици и булевари беа преплавени со вода.

Од Регионалниот цетар за заштита и спасување за МИА информираат дека засега нема пријави од граѓани за евентуални штети по електромрежата и други проблеми од силниот дожд со грмотевици и град.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информира, раководителот Зоран Наковски, утре планираат да стапат во контакт со земјоделците од велешкиот поширок регион, за да осознаат дали има предизвикани штети од градот по земјоделските култури, овошните насади, пченицата и тутунот.

Големо невреме во Велес

Batali.NET 发布于 2020年6月9日周二

Видео – Батали.нет

Back to top button
Close