Автомобил и автобус се судрија во Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока


Автобус и автомобил марка „сеат“ се судрија на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Според поставеноста на возилата по несреќата, можно е автомобилот да влегол и да се движел во обратна насока, но официјална потврда за причините за судирот засега нема.

Очевидци велат дека на местото на несреќата биле забележани оштетувања на двете возила, а засега нема информации за повредени лица.

Повеќе детали за сообраќајната несреќа се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close