Српското МНР нагласи дека не се уништува службена документација, дипломати тврдат поинаку

Министерството за надворешни работи на Србија денеска ги демантираше наводите за намерно уништување службена документација, наведувајќи дека тврдењата кои се објавени на социјалните мрежи и пренесени во некои медиуми се „целосно невистинити“.

Српското МНР го осуди ширењето на тие, како што соопшти, неточни и злонамерни информации, наведувајќи дека со нив се заблудува јавноста, се нарушува угледот на министерството и на неговите вработени.

„МНР во сите околности одговорно и професионално ја чува службената документација и со неа постапува исклучиво и единствено во согласност со законот и интерните прописи. Министерството за надворешни работи во овој момент е целосно фокусирано на уредно примопредавање на должноста, со цел да се обезбеди континуитет во функционирањето на виталните државни институции и служби“, се додава во соопштението.

Група дипломати која јавно го критикуваше министерството поради начинот на кој го организираше гласањето во странство, а која себеси се нарекува „Дипломатите не молчат“, денеска претходно соопшти дека во МНР е забележан и спречен обид за уништување финансиска документација.

„Повторно го предупредуваме раководството во заминување веднаш да прекине со уништувањето на службената архива. Во врска со тоа, го поставуваме прашањето зошто, на 18 септември 2026 година, беше издадена инструкција до сите организациски единици од страна на в. д. генералниот секретар Душан Козарев за забрана за движење на вработените во одредени делови од зградата на МНР, вклучително и просториите во кои се наоѓаат апаратите за уништување хартија? Зошто такви апарати неодамна беа поставени и во канцелариите на поединечни раководители? Исто така нè интересира и со чија согласност и од кои причини во Белград во моментов престојуваат амбасадорите на Република Србија од Виена, Будимпешта, Братислава и Атина? Го повторуваме предупредувањето итно да се прекине со издавањето решенија за прием во постојан работен однос, унапредување во повисока функција и преместување во странство. Уште еднаш ги потсетуваме сите колеги на обврската за совесно и законско постапување на работа“, наведоа тие во соопштението

Back to top button
Close