Меркел изјави дека е време Германија да ја добие својата прва жена претседател
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се заложи жена да го наследи претседателот Франк-Валтер Штајнмајер кога неговиот втор петгодишен мандат ќе заврши следниот март.
„Постојат 77 години историја на Сојузна Република Германија, а никогаш немало жена за претседател“, рече Меркел во интервју за МагентаТВ емитувано денеска.
Секој треба да си го постави прашањето „дали сега не е време за тоа“, изјави политичарката од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во ток-шоуто Bestbesetzung.
– Познавам луѓе кои се веќе родени, а кои се жени, и кои би можеле да го направат тоа – нагласи Меркел. Сепак, таа одби да посочи конкретни имиња, пренесе ДПА.
На 30 јануари, следниот шеф на државата ќе биде избран од Сојузното собрание, специјално, привремено уставно тело формирано со единствена цел да го избира претседателот на секои пет години.
Со месеци, лидерот на баварската сестринска партија на ЦДУ, ЦСУ, Маркус Седер, води кампања претседателката на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер, да го наследи Штајнмајер.
Останатите имиња кои се споменуваат во рамките на конзервативниот блок ги вклучуваат претседателката на националниот парламент Јулија Клекнер, министерката за образование Карин Прин и поранешната лидерка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.






