Во Велика Британија од Ковид-19 досега починале 200.247 луѓе

Повеќе од 200.000 луѓе починаа од Ковид-19 во Велика Британија од почетокот на епидемијата, што ја прави една од земјите со најголем број смртни случаи во Европа.

Вкупно 200.247 смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани од почетокот на епидемијата, а 294 луѓе починале минатата недела, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика.

Како што пишува Гардијан, до јануари 2021 година починале 100.000 луѓе, а за нешто повеќе од една и пол година, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се удвоил.

Без вакцинација, подобро разбирање за начинот на лекување на вирусот и мерките за физичко растојание, тој број би бил многу поголем, коментира Гардијан.

Стапката на смртност во Британија е 2.689 на милион луѓе и е повисока отколку во Шпанија, каде што е 2.295, Франција 2.230 и Германија 1.704, покажуваат податоците на веб-страницата Our World In Data од 12 јули оваа година.

Back to top button
Close