Во Велика Британија штрајк на вработените во Брзата помош


Илјадници работници од Итната помош во Британија за денеска најавија штрајк, откако синдикатите и Владата не постигнаа договор за зголемување на платите.

Синдикатите бараат зголемувањето на платите да биде во чекор со инфлацијата, која во ноември беше 10,7 отсто, додека британската Влада одговори дека двоцифрено зголемување на платите дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и нуди зголемување од околу четири отсто.

Министерот за здравство Стив Баркли во вторникот попладне се сретна со претставници на синдикатот, без договор за откажување на најавениот штрајк.

Синдикатот ГМБ тврди дека платите во британскиот јавен здравствен сектор се намалени за 17 отсто во реален износ од 2010 година, додека побарувачката за возила за итна помош е зголемена за 77 отсто.

На возачите на Брзата помош ќе им се придружат медицинските сестри, железничкиот персонал, службениците за пасошка контрола и поштенските работници кои планираат да штрајкуваат во наредните недели.

Болничарите и екипите на Брзата помош велат дека ќе продолжат да одговараат на итните повици за време на штрајкот.

Армијата е ставена на готов ост за да го преземе управувањето со возилата на Брзата помош, но војниците нема да ги имаат истите овластувања како работниците во Брзата помош

Back to top button
Close