Во ЗОО Скопје угинале две лами
Две лами починале викендот во скопската Зоолошка градина. Резултатите од лабораториското тестирање од првата угината лама покажува дека таа била болна од туберколоза.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА потврдуваат дека во петокот на барање на скопската Зоолошка градина е спроведен вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за угинување на една лама и уште една заболена лама.
– Земени се мостри за лабораториско тестирање од угинатата лама за која е потврдено со лабораториско тестирање дека била болна од туберкулоза. Мостри се земени од заболеното животно лама кое подоцна угинало. Резултатите од анализите кои треба да го утврдат причинителот за угинување и на второто животно се уште не се готови. На одгледувалиштето за лами во ЗОО градина Скопје, од страна на официјален ветеринар наредени се биосигурносни мерки со цел спречување на ширење на болеста и тестирање на останатите лами во одгледувалиштето, се наведува во одговорот од АХВ за МИА.