Волц: Хамас никогаш повеќе нема да владее во Газа

Ако Хамас се повлече од договорот за Газа, според кој заложниците ќе бидат ослободени во замена за прекин на огнот, САД ќе го поддржат Израел „да го направи она што треба да се направи“, изјави Мајк Волц, советник за национална безбедност на новоизбраниот американски претседател Трамп.

– Хамас повеќе не може да биде терористичка организација и никогаш повеќе нема да владее со Газа. Тоа е целосно неприфатливо, истакна Волц во интервју за Си-Би-Ес.

Тој додаде дека Трамп и неговиот тим му го кажале ова на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Израел ќе направи се што е потребно за да се осигура дека Хамас никогаш повеќе нема да биде на власт во Газа, додаде Волц.

Тој изрази оптимизам за можно посредување на администрацијата на Трамп за склучување договор за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Волц, исто така, рече дека постои и можност САД да испратат „безбедносни сили“ на Блискиот Исток за да обезбедат стабилност во регионот

Back to top button
Close