Волф: Малку сме разочарани што не го покажавме целиот свој потенцијал во квалификациите

epa09929370 Team chief of Mercedes-AMG Petronas Toto Wolff arrives for the Formula One Grand Prix of Miami at the Miami International Autodrome in Miami, Florida, USA, 05 May 2022. EPA-EFE/GREG NASH

Извршниот директор на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, ги сумираше впечатоците од вчерашните квалификации за Големата награда на Британија.

– На сува патека на третиот тренинг, направивме добар чекор напред во работата со болидот и чувствувавме дека во квалификациите можеме да бидеме поконкурентни. Почна да врне во квалификациите, но успеавме да имаме добра сесија, покажавме добри времиња во кругот. Сепак, во третиот сегмент не бевме на ниво. Во последните кругови Џорџ Расел имаше блокирање на тркалото во последниот круг, а на Луис Хамилтон му беше тешко поради разлика та во температурата на дисковите на сопирачките, што предизвика гумата на неговиот болид да се излади малку. Значи, малку сме разочарани што завршивме само на 5. и 8. место и не го покажавме целиот свој потенцијал, изјави Волф.

Тој е оптимист дека Мерцедес можа подобро на денешната трка за ГН на Велика Британија.

– Со нетрпение ја очекуваме трката и можноста да видиме што можеме да направиме и што ќе им покажеме на овие фантастични навивачи, додаде Волф.

Почетокот на британското Гран при е во 16 часот.

Back to top button
Close