Вонредна состојба во Пирот по истекувањето на амонијак

Градоначалникот на Пирот и шефот на Градскиот штаб за вонредни ситуации вечерва на прес конференција соопштија дека е прогласена вонредна состојба, а училиштата утре ќе бидат затворени

.

Попладнево, на магистралната пруга Ниш-Димитровград, кај Пирот, еден вагон со амонијак исклизнал од шините и десетици граѓани завршиле в болница поради труење.

Вкупно 51 лице се јавило вечерва во болницата во Пирот, а седумина од нив се повредени во несреќата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close