Вооружените сили на Украина обезбедија пристап до високопрецизни сателитски снимки благодарение на кампања за собирање средства

 Вооружените сили на Украина добиваат брз пристап до сателитски снимки со висока резолуција за нивната војна против Русија, благодарение на кампањата за собирање средства, јави ДПА.

Украинската влада има право да користи радарски сателит 24 часа на ден според договор со финскиот производител ICEYE. Може да добива снимки и во текот на ноќ и кога е облачно времето.

Потребните пари беа обезбедени преку кампања за собирање средства во Украина, спроведена од ТВ водителот Сергеј Притула.

Според пишувањата на медиумите, биле донирани околу 600 милиони гривни (16,2 милиони долари), кои според првичниот план биле наменети за набавка на турски борбени беспилотни летала Бајрактар. Сепак, откако компанијата за производство одлучи да ги донира беспилотните летала, парите беа искористени за обезбедување на сателитско покривање.

– Комбинирањето на извидувачките фотографии со модерното оружје ќе отвори нови можности за (нашите) вооружени сили против руските напаѓачи, изрази задоволство украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников

Back to top button
Close