Возачот на Брза помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван, најави Таравари

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

Back to top button
Close