Возбудата расте

Алтернатива се приближуваше до одлуката, а експертската фејсбук јавност водеше жестоки дебати за деца што не јадат грашок, изборот на музика во градинките и дали цената на пластичните ќеси е во сооднос со финансискиот стимул на матичните лекари по вакциниран пациент.

И додека се мудруваше во виртуелната реалност, во реалноста никој не забележа дека во државава три дена железничкиот сообраќај беше во прекин.

Поради штрајк на железничарите, три дена стоеја возовите и немаше транспорт ни на луѓе ни на стока. Три дена ни грашок не сме можеле да добиеме ако го носеле со воз, ниту жената на султанот сме можеле да ја пречекаме на железничка станица, богами и суровините за пластични ќеси останале нетранспортирани.

Која држава во светот може да си дозволи три дена да има целосен прекин на железничкиот сообраќај, а за тоа баш на никого да не му е гајле? Само држава во чија влада има втор вицепремиер, ама ист како првиот. Честитки за враќањето на Зоран Ставрески како координатор на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Фино си рече човекот: Ние сме лудаци. Ама кој да му верува? А особено па, кој да памти?

Целата колумна на Горан Михалјовски на сдк.мк

Back to top button
Close