Возило на УНИЦЕФ погодено со боева муниција во Газа

Обединетите нации објавија дека повеќе од 170 нивни вработени загинале во Газа, што е најголем број на жртви меѓу персоналот на ОН во историјата на светската организација. Според извештајот на ОН од 29 март, загинале и 15 работници на палестинската Црвена полумесечина

Возило на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) било погодено со боева муниција додека возачот чекал да влезе во северниот дел на Газа, соопштија на платформата Икс од одделот на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка.

 

„Возилото на УНИЦЕФ кое вчера чекаше да влезе во северниот дел на Газа беше погодено од боева муниција. Прашањето за инцидентот е покренато кај релевантните израелски власти. За жал, хуманитарните работници продолжуваат да се соочуваат со ризици кога доставуваат помош за спасување животи“се вели во објавата.

Хуманитарните и здравствените работници не се поштедени во Газа. Во нападите на израелската армија во Газа досега се убиени околу 200 хуманитарци, што е рекордна бројка, покажуваат податоците на организацијата „Aid Worker Security Database“.

Обединетите нации објавија дека повеќе од 170 нивни вработени загинале во Газа, што е најголем број на жртви меѓу персоналот на ОН во историјата на светската организација. Според извештајот на ОН од 29 март, загинале и 15 работници на палестинската Црвена полумесечина.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа на 7 октомври, кога палестинските милитанти на Хамас ја нападнаа израелската територија од Појасот Газа и убија и киднапираа голем број луѓе. Израелската армија возврати со воздушни и ракетни напади врз Појасот Газа, како и целосна блокада на палестинската енклава.

Back to top button
Close