(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Новосаѓани згрозени: Непознат маж уринираше на свеќите и цвеќињата за жртвите од несреќата на Железничката станица

Тој чин го шокирал присутните, кои веднаш ги известиле надлежните органи. Видеото од настанот брзо се проширило на социјалните мрежи, а луѓето ги осудиле дејствијата на мажот, изразувајќи своја вознемиреност и гнев.
Полициската управа во Нови Сад интензивно работи на идентификување на лицето кое во неделата на аголот на булеварот Ослободување и булеварот Јаша Томиќ го сквернавел местото каде граѓаните со месеци им оддаваат почит на загинатите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во овој град“, се вели во соопштението.
Со оглед на тоа што снимката од настанот е објавена во медиумите и на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои го препознаваат мажот од снимката или имаат какви било информации за неговото место на живеење и движење, да се јават на 192 или да се обратат во најблиската полициска станица.
На 1 мај се навршија 6 месеци откако на 1 ноември минатата година се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.