(Вознемирувачко видео) Венецуела е разурната, се стравува дека бројот на жртви може да се искачи до 100.000 жртви

Двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела синоќа предизвикаа огромна материјална штета, а бидејќи спасувачките екипи уште се на терен, надлежните стравуваат дека бројот на жртви може да достигне 10.000. Некои прогнози покажуваат дека овој број има шанси да се искачи и до 100.000.

Венецуела беше погодена од земјотреси со јачина од 7,1 и 7,5 степени според Рихтер, а покрај огромната материјална штета, експертите стравуваат дека бројот на загинати достигнува и 100.000.

Потресите се случиле во близина на брегот, а утрово властите открија дека според досегашните информации, најмалку 32 лица се мртви, а барем 700 повредени.

Земјотресите срамнија бројни згради и градби и допрва ќе се трага по преживеани, но и загинати.

Процената за 100.000 жртви доаѓа од Геолошкиот институт на САД:

„Огромен број на жртви и сериозна штета се голема можност, а првите процени за број на жртви е помеѓу 10.000 и 100.000“.

Како што пренесува BBC, постојат 36% шанси бројот на жртви да достигне 10.000, како и 40% шанси бројот да се искачи на дури 100.000.

Ова се меѓу најсилните земјотреси што ја погодиле Венецуела во последниве сто години, а силните потреси не се честа појава во земјата.

На фотографиите и видеата што се објавуваат се гледа како луѓе панично бегаат надвор, но се гледаат и цели згради срамнети со земја.

 

Има вознемирувачки снимки и од аеродромот во градот Маикетија кој е најважниот во земјата – патници и вработени пробуваат да се скријат и да излезат надвор, додека околу нив почнува да се дига прашина.

Првиот потрес се случил вчера, околу 18 часот по локално време, со јачина од 7,1 степени според Рихтер.

Само 30-тина секунди подоцна, се случил и вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени.

И двата земјотреси се со епицентар западно од главниот град Каракас.

Иако главниот град не бил погоден, потресот се почувствувал таму, но и во сите околни области.

Материјалната штета и бројот на жртви допрва ќе се утврдуваат.

Back to top button
Close