Вреди вината за царините што ни ги воведе Трамп ги „најде “ во ДУИ и корупцијата ?!
Америка не ги зголемува таксите без причина. Пораката на Вашингтон е јасна: повеќе не можат да се толерираат корупцијата и злоупотребата на власта“, порачаа од „Вреди“
Главната причина зошто Северна Македонија се соочува со повисоки такси од САД не е поврзана само со економските фактори, туку пред сè со расипувањето на имиџот на државата на меѓународната сцена, сметаат од владејачката коалиција „Вреди“. Тоа, пак, додаваат од „Вреди“, е директен резултат на недоличното владеење и скандалите на поранешната власт, вклучително и функционери на ДУИ, кои сега се на американската црна листа.
„Америка не ги зголемува таксите без причина. Пораката на Вашингтон е јасна: повеќе не можат да се толерираат корупцијата и злоупотребата на власта. И кои се оние кои најмногу ја нарушија довербата на западните сојузници во оваа земја? Токму оние кои две децении ги злоупотребуваа институциите и денес се кријат зад празната реторика или онаа со бесмислен национализам. Наместо да жалат за последиците од своите постапки, поранешните функционери на ДУИ и другите треба да им се извинат на граѓаните за големата штета што ја нанеле. На Северна Македонија и требаат нови политики, сериозен пристап кон економијата и обнова на односите со меѓународните партнери, а не лицемерство од оние што ја уништија оваа земја“,порачаа од „Вреди“.
Американскиот претседател Доналд Трамп на земјава ѝ воведе царински давачки од 33 проценти, што е половина од 65 проценти македонски царини за американски производи увезени во државата кои ги пресметала администрацијата во САД.