Времето денеска: Променливо облачно со дожд и ветер
12.06.2023 09:15
300 Читање помалку од 1м
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде 14, а дневната 24 Целзиусови степени.
И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одредени делови од земјата ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, велат од УХМР.
Во Скопје и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.